Зеленски: Русија оваа недела нè нападна со 1.900 дронови, 1.600 бомби и 144 ракети

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека руската армија во текот на изминатата недела нападна 16 украински региони со околу 1.900 дронови, речиси 1.600 авионски бомби и 144 ракети од различен тип, вклучително и балистички ракети.

„Денеска беа фрлени бомби врз Суми. Во Бровари, едно лице загина, а шестмина беа повредени во напад со дрон. Изразувам сочувство до семејствата на жртвите. Харков и Харковската област сè уште се под постојани напади. Во текот на ноќта, Русија изврши напади и врз Одеса, Запорожје и Днепропетровската област. Оваа недела беа оштетени повеќе од 1.500 објекти, вклучително и стотици обични станбени згради“, се наведува во објавата на Зеленски на мрежата „Икс“.

Тој истакна дека значителен број руски компании и претпријатија ги овозможуваат овие напади врз Украина преку производство на компоненти за дронови, ракети и наведувани авионски бомби.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Договорив средба со Трамп, тоа може многу да промени

А1он

(ВИДЕО) Русија со дрон погоди украински манастир – загина свештеник

А1он

ВИДЕО: Рекордни цени на дизелот во САД, Трамп го обвини Зеленски

ВИДЕО: Трамп бара од Зеленски да прекине со нападите на руските рафинерии

Песков: Ако сака средба со Путин, Зеленски нека дојде во Москва

А1он

Зеленски: Путин никогаш нема да се откаже од обидот да ја окупира Украина

А1он