Сончево и топло, температури до 39 степени

Од:

Сончево и топло време ќе преовладува денеска во државава. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

Во Скопје, слично време со слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Топлото време ќе продолжи и до крајот на следната недела кога дневните температури се очекува да го надминат 40-тиот степен.

Синоптичарите најавуваат дека топлото време ќе се чувствува и во ноќните часови кога температурите ќе останат високи.

Би можело да ве интересира

Период на пеколно време во земјава, лекарите алармираат

Температури до 38 степени денеска, во следниот период потопло

Можно невреме денеска, од утре повторно топло

Сончево време со мала до умерена локална облачност

А1он

Сончево со температури до 34 степени денеска, утре дожд, а во викендот мирно

УХМР најавува дожд и ветер во следните денови, во петок и драстичен пад на темепратурата