Челси казнет со 11,7 милиони евра и условна забрана за трансфери

Од:

Клубот од англиската Премиер лига – Челси, е казнет со 10 милиони фунти (околу 11,7 милиони евра) и доби условна забрана за ангажирање играчи во текот на два трансфер-периоди поради прекршување на финансиските правила за време на ерата на поранешниот сопственик Роман Абрамович.

Клубот од „Стемфорд Бриџ“ беше предмет на долготрајна истрага, а санкциите уследија откако во септември минатата година беа обвинети за дури 74 прекршувања на правилата на Англиската фудбалска асоцијација (ФА). Интересно е што сегашните сопственици самите ги пријавиле неправилностите кои датираат од периодот меѓу 2009 и 2022 година и ги вклучуваат трансферите на играчи како Вилијан, Еден Азар и Самјуел Ето.

Интересно е и тоа што првичната казна била поинаква. Независната регулаторна комисија првично му изрече на клубот условно одземање на шест бода, но по жалбата на Челси, Независната комисија за жалби ја укина таа мерка.

Наместо тоа, беше воведена забрана за регистрација на играчи во текот на два целосни и последователни трансфер-периоди, која е условна до 30 јуни 2027 година. Клубот не се жалеше на паричната казна, која ќе биде инвестирана во развојот на аматерскиот фудбал. Кратко по одлуката на ФА, Челси издаде соопштение.

„Фудбалскиот клуб Челси потврдува дека правосудните тела на ФА донесоа конечна одлука во врска со прашања од регулаторна природа од минатото, кои самите ги пријавивме“, се вели во соопштението. Клубот изрази задоволство што сите регулаторни постапки против него се завршени и им се заблагодари на УЕФА, Премиер лигата и ФА за соработката, имајќи предвид дека веќе беа постигнати договори со првите две организации за истите прашања.

Да потсетиме дека ова не е единствената санкција со која се соочи клубот поради неправилности од минатото. Во март оваа година, Премиер лигата веќе го казни Челси со едногодишна забрана за трансфери, условно на две години. Таа казна се однесуваше на тајни исплати кон агенти во износ од 55 милиони евра во периодот меѓу 2011 и 2018 година (исто така за време на ерата на Абрамович), како и на прекршување на правилата за регистрација на играчи од клупската академија.

Би можело да ве интересира

Чаби Алонсо станува тренер на Челси

А1он

Катастрофата на „сините“ продолжува – Челси го претрпе шестиот последователен пораз

А1он

Челси го отпушти менаџерот по само три месеци

А1он

Челси со најголема финансиска загуба во историјата на англискиот фудбал

А1он