Челси го отпушти менаџерот по само три месеци

Од:

Челси се раздели со главниот тренер Лиам Розениор по низа лоши резултати.

Розениор, 41-годишникот кој го презеде тимот во јануари со договор до јуни 2032 година, ја напушта клупата по само три месеци.

Иако раководството на клубот немаше намера толку брзо да ја преиспита својата позиција, падот на резултатите и играта доведе до промена на одлуката.

Калум Мекфарлан е назначен за привремен тренер до крајот на сезоната, кој ќе го води тимот додека клубот не најде трајно решение. Тоа ќе биде петтиот постојан тренер под сопственичката група BlueCo.

Мекфарлан веќе еднаш привремено го водеше тимот, по заминувањето на Енцо Мареска на новогодишната ноќ, кога постигна нерешен резултат 1:1 против Манчестер Сити.

„Ова не е одлука што клубот ја донесе лесно, но неодамнешните резултати и перформанси паднаа под потребните стандарди, особено имајќи предвид колку натпревари остануваат до крајот на сезоната. Сите во Челзи му посакуваат на Лиам многу среќа во иднина“, се вели во соопштението на клубот.

Поразот во вторникот на гостински терен од Брајтон беше нивниот петти последователен пораз во лигата без постигнат гол, негативна серија што Челзи не ја забележал од 1912 година.

По тој натпревар, Розениор беше исклучително критичен кон себе и кон играчите, а раководството на клубот го помина денот размислувајќи за неговата иднина.

Одлуката веројатно е донесена со цел да му се даде на тимот најдобра можна шанса во полуфиналето на ФА Купот в недела против Лидс Јунајтед и во борбата за место во Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Челси со најголема финансиска загуба во историјата на англискиот фудбал

А1он