Околу 200.000 луѓе потпишале договор за служење во војската во првите шест месеци од 2026 година, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
„Во првите шест месеци од оваа година, околу 200.000 луѓе потпишаа договор за служба во армијата. Покрај тоа, повеќе од 16.000 наши граѓани се приклучија кон доброволнички формации и заминаа во зоната на специјалните воени операции“, рече Медведев на седницата на меѓуресорската комисија на Советот за безбедност на Русија.
Медведев исто така оцени дека гласините за наводна подготовка на мобилизација во Русија се „лажна провокација“ пред изборите и изјави дека нема потреба од мобилизација.
„Обидите на непријателот да шири секакви бесмислици за тоа дека во земјата се подготвува мобилизација не се ништо друго освен лажна провокација. Тоа е дел од пропагандата пред изборите. Тие се обидуваат да ја дестабилизираат ситуацијата во нашата земја и да создадат негативно расположение“, рече Медведев.
Тој истакна дека тоа се манифестира на различни начини, вклучително и преку ширење објави на социјалните мрежи во кои граѓаните се повикуваат да потпишат договор со вооружените сили со пораката: „Не чекајте мобилизација, одете да служите за пари“.
„Јасно е дека станува збор за платена кампања или кампања покрената од непријателот“, додаде Медведев.
