МВР информира дека во текот на вчерашниот ден во периодот од 17.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли и електрични тротинети, при што санкционирани се 178 возачи.
Од нив, 156 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 13 возачи се лишени од слобода поради сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, сите возеле без возачка дозвола, а пет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава.
Санкционирани се 11 возачи на електричен тротинет, од кои пет поради неносење на рефлектирачки елек при управувањето за време на намалена видливост по член 103-г.
За време на контролата санкционирани се и 130 други видови на сообраќајни прекршоци.
