Претседателот на унгарската опозициска партија Фидес – Виктор Орбан, денес изјави дека промената на надворешнополитичкиот курс на земјата и откажувањето од неутралноста кон војната во Украина биле погрешни потези и дека Унгарија не треба да биде дел од „воената коалиција“.
„Се откажаа од неутралноста и ја вклучија Унгарија во проукраинската, антируска европска воена коалиција. Ова е многу сериозна работа. Со тоа, во случај на ескалација на војната, ја претворија Унгарија во потенцијална воена цел. Беше огромна грешка да се откажеме од неутралноста“, рече Орбан.
Зборувајќи за Европската унија, Орбан рече дека овластувањата на Европската комисија треба да се ограничат и оцени дека сегашниот модел на функционирање на Унијата нема да опстане во оваа форма во наредните децении. Истовремено, тој нагласи дека смета оти местото на Унгарија е во Европската унија.
„Се откажаа од неутралноста и ја вклучија Унгарија во проукраинската, антируска европска воена коалиција. Ова е многу сериозна работа. Со тоа, во случај на ескалација на војната, ја претворија Унгарија во потенцијална воена цел. Беше огромна грешка да се откажеме од неутралноста“, рече Орбан.
Тој додаде дека по преминувањето во опозиција, неговата партија ќе го промени начинот на дејствување и ќе се фокусира на, како што наведе, „национален отпор“, оценувајќи дека политичкиот систем во Унгарија станал „авторитарен“, при што ја обвини актуелната власт предводена од партијата Тиса за политички прогон на неистомислениците.
