Научници од Универзитетот во Цирих осмислија спреј за нос кој содржи хормони, а ќе им донесе нова среќа на оние брачни парови кои често се расправаат.
Истражувањето покажало дека вдишување спреј кој содржи окситоцин ги смирува жените и ги прави пријателски расположени, а мажите почувствителни и позитивни за време на караници.
Наречен „дрога за мазење“, окситоцин се произведува по природен пат во телото за време на секс и за време на чувство на сексуална привлечност. Окситоцин се ослободува во крвта за време на породувањето и активира создавање млеко во градите кај жените.
Истражувањето било фокусирано на влијание на хормони на стрес и автономниот нервен систем за време на караници меѓу брачни парови. Во истражувањето учествувале 47 парови од 20 до 50 години. Резултатите покажале дека жените кои вдишувале од тој хормон биле многу повеќе пријателски расположени додека мажите биле позитивни и повеќе вклучени во разговорот. Активноста на нервниот систем кај жените се намалила, а кај мажите се зголемила.