Зеленски: „Подобро прекин на огнот отколку да се бориме за победа уште 10 или 20 години и да губиме луѓе“

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека прекин на огнот би бил најдобриот можен исход доколку тоа спаси човечки животи и ја заврши војната, истакнувајќи дека тоа е подобро решение од долготраен конфликт.

„Ако можеме утре да ја запреме војната и да постигнеме прекин на огнот, тоа е подобро отколку да се бориме за победа уште 10 или 20 години и притоа да губиме луѓе“, рече Зеленски во интервју за американската десничарска блогерка Лори Лумер.

Тој посочи дека Украина не се откажа од целта да победи во војната, но дека цената на победата не смее да биде бескрајно губење на човечки животи, пренесува РБК Украина.

Зборувајќи за односите со Вашингтон, Зеленски оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп го променил својот став кон војната во Украина и дека сега разбира оти Русија, а не Украина, е таа што не е подготвена да го заврши конфликтот.

„Претседателот Трамп точно разбра кој навистина не сака да ја запре војната. Тој разбра дека ние сакаме да ја запреме војната, дека навистина сакаме мир. Претходно, имаше многумина кои тврдеа дека Украина не сака да ја запре војната“, рече Зеленски.

Според него, промената во ставот на Трамп дошла постепено, преку меѓусебни разговори.

„Мислам дека претседателот Трамп почна да ми верува, а тоа беше важно. Чекор по чекор се обидував да ја објаснам нашата позиција и верувам дека тој многу добро ме разбра“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зеленски е подготвен на средба со Путин

Катерина Ѓуровски

Ердоган разговараше со Зеленски: Турција е подготвена да стори сè што е во нејзина моќ за мир

А1он

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина се без електрична енергија по нападот

А1он

Лавров: Ако Зеленски сака да се сретне со Путин, ќе мора да дојде во Москва

А1он

Зеленски: Во Турција ќе се одржат важни преговори за ставање крај на војната со Русија

А1он

„Фајненшел тајмс“: Русија бeше подготвена да се повлече во 2023 година, Зеленски го одби предлогот

А1он