Отровна вода е регистрирана во шест населени места: Гостивар, Валандово, Лешок, Крушево, Пласница и Преглово. Ситуацијата е алармантна, бидејќи дури и болницата во Лешок останала без безбедна вода за пиење. Покрај тоа, реките Лепенец и Вардар сега се покриени со бела пена, што укажува на сериозно загадување.
„Отровната супстанца стигна до Скопје. Мицкоски и организираната криминална група ВМРО немаат милост. Нема одговорност. Нема кривични пријави“, стои во денешното соопштение од СДСМ.
Обвинителот Савески се повлекол, а нема наредба од Мицкоски. Никој не понесува одговорност, ниту пак надлежните институции преземаат чекори. Министерот за здравство, наместо да поднесе оставка, ги навредува професорите и докторите.
Оваа ситуација надминува еколошка катастрофа. Претставува системско труење на цела Македонија, директно загрозување на семејствата и децата. Со години граѓаните беа „труени“ со лаги, омраза и пропаганда, а сега се доведува во прашање и најосновниот услов за живот – водата.
Додека власта менува министри, користи дронови и се претставува како загрижена, граѓаните не можат безбедно да ја користат водата од чешма, а реките се полнат со пена. Маските паднаа и вистинското лице на оваа власт стана јасно, велат од СДСМ.
