Во изминатата година платформата спроведе голема акција против спам содржини и масовно генерирани песни кои ги прекршувале правилата. Потегот е дел од напорите да се заштитат корисниците, уметниците и квалитетот на музичката понуда.
Важно е да се нагласи дека Spotify не ја забрани AI музиката, туку отстранува содржини што се сметаат за спам, злоупотреба или обид за манипулација со стримови.
