Жена e избодена, а потоа e запалена во трговски центар во Штутгарт

Од:

Четириесет и седумгодишна жена била избодена, а потоа запалена во трговскиот центар „Миланео“ во Штутгарт, Германија.

Полицијата веднаш го блокирала трговскиот центар за да го спречи осомничениот да избега. Осомничениот бил уапсен пред трговскиот центар, беше објавено.

„Околу 10:15 часот, Оперативниот центар на полицијата во Штутгарт примил бројни повици од граѓани за напад врз 47-годишна жена во трговски центар во северниот дел од градот“, изјави портпаролот на полицијата Тимо Бренер за германски „Билд“.

Повредената жена била итно префрлена во болница, каде што била итно оперирана. Полицијата ги истражува околностите на нападот и мотивот за злосторството.

Би можело да ве интересира

Работничка е тешко повредена при несреќа во фабрика во Охрид

Жена е прегазена во Крушево, со тешки повреди пренесена во болница

Работничка е тешко повредена во фабрика во Пробиштип

Горан Наумовски

Мечка нападна жена во атарот на тетовското село Синичане

Автомобил влета во група луѓе во Штутгарт

А1он

Жена од Прилеп тешко e повредена во сообраќајка

Горан Наумовски