Димитриеска-Кочоска: Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата

Од:

Владата на денешната вонредна седница донесе Одлука за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата, со што се овозможува намалување на акцизата на нафтените деривати, а со тоа и намалување на цените на бензинот и дизелот, информираше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на својот Фејсбук-профил.

Владата, како што посочи министерката за финансии, продолжува со проактивен пристап во справувањето со последиците од кризата на Блискиот Исток.

-Внимателно ја следиме состојбата и реагираме навремено, со цел да ги заштитиме стопанството и животниот стандард на граѓаните- наведе министерката во објавата.

Димитриеска-Кочоска истакна дека со интервенцијата во акцизата ќе се придонесе за стабилизирање на цените на нафтените деривати, а индиректно и за одржување на стабилноста на останатите цени.

-Со ваков одговорен пристап ќе продолжиме и во наредниот период. Ќе ја следиме состојбата и ќе носиме навремени, конкретни и реални мерки за поддршка на економијата и граѓаните, со цел да го заштитиме животниот стандард и да ја зачуваме економијата, која од почетокот на нашиот мандат бележи тренд на забрзан раст, наведува министерката.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Буџетските приходи пораснаа за 8,6 отсто, јавните финансии се стабилни

ММФ ќе прави анализи на пензискиот фонд, во Буџетот се предвидени вкупните 19,6 милијарди денари за Вториот столб

Димитриеска-Кочоска: Од 1 јули пониски царини за 70 суровини и репроматеријали

А1он

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година

А1он

Димитриеска-Кочоска: Ја следиме состојбата на Блискиот Исток, сите мерки ќе бидат законски

Димитриеска-Кочоска: Трезорот работи, Буџетот е во одлична кондиција

А1он