Хамас избра нов лидер

Од:

Палестинската милитантна група Хамас го именуваше Калил ал-Хаја за свој нов лидер, се наведува во нивното соопштение.

Калил ал-Хаја, поранешен заменик-претседател на палестинската милитантна група и еден од петте члена на нејзиниот управен совет, беше избран за нов лидер на Хамас во вториот круг од внатрешното гласање, победувајќи го поранешниот политички лидер на Хамас, Калед Машал.

Ал-Хаја го наследи Јахја Синвар, кој беше убиен во судирите со израелските сили во 2024 година, за време на двогодишната војна меѓу Хамас и Израел во Појасот Газа.

Ал-Хаја стана еден од највлијателните членови на Хамас по убиствата на високите лидери на организацијата – Исмаил Ханије во Техеран, Јахја Синвар во Газа и воениот командант Мохамед Деиф – минатата година.

Калил ал-Хаја е роден во 1960 година во Појасот Газа и е член на Хамас уште од неговото основање во 1987 година.

Тој доби особено значајна улога на дипломатски план, делувајќи главно од Катар, кој стана главен центар за посредување во преговорите со други земји, вклучувајќи ги Израел, Египет и Соединетите Американски Држави.

Би можело да ве интересира

Алакбаров: Хамас ги попречува испораките на хуманитарна помош во Газа

Хамас одлучи да ја распушти владата по 20 години на власт

ИДФ: Елиминирани се оперативци на Хамас и Исламски џихад

OHCHR: Хамас и палестинската полиција извршија злосторства против стотици Палестинци

ВИДЕО: Израел го уби новиот шеф на военото крило на Хамас

Хамас го потврди убиството на еден од своите клучни команданти

А1он