Според резултатите од една студија спроведена во Шведска, констатирано е дека жените кои спијат помалку од осум часа на ден, се повеќе се склони кон зголемување на тежината, претежно во делот околу половината.
Експертот за белодробни заболувања при Универзитетот во Упсал, д-р Џени Тиорел – Хаглои, иницијатор на студијата објасни дека биле направени испитувања со вкупно 6.500 жени помлади од 50 години, поделени во 4 групи.
По измерените, висина, тежина и обемот на деловите на телото на испитаничките, по направените експерименти, сите жени кои спиеле помалку од 8 часа на ден, имале зголемен обем околу половината. Оние кои спиеле по пет часа биле здебелени за околу 5 см, повеќе од оние кои спиеле по осум.
Ова се случува поради неколку причини, но клучно е зголемувањето на нивото на кортизол и хормонот за раст во крвта додека не спиеме, а втората по неа е времето поминато во внесување на храна што е нормално да се прави додека не се спие.