Лариџани: Иран треба да се подготви за подолга војна

Од:

Познатиот ирански политичар, Мохамед-Џавад Лариџани, братот на неодамна убиениот секретар на моќниот ирански Совет за национална безбеднот, Али Лариџани, ја повика својата земја да биде подготвена за неколкугодишна војна со САД, јавува ДПА од Техеран.

„Она што ја држи настрана заканата од војна е нашата целосна подготвеност да се одбраниме“, рече денеска Лариџани во интервју за државната телевизија.

„Ако САД почувствуваат дека Иран е подготвен дури и за две или тригодишна војна, ќе сфатат дека (…) не треба да ја продолжат војната“, продолжи тој.

„Мора да се подготвиме за воена економија за да се зголеми отпорноста на населението“, повика политичарот.

Семејството Лариџани се смета за влијателно во Иран. Пред војната, Али Лариџани се издигна и стана една од најмоќните личности во иранската структура на моќ, пред Израел да го убие во воздушен напад.

Неговиот конзервативен брат, Мохамед-Џавад, веќе осум години е член на иранскиот Парламент, а фокусот на неговата работа е надворешната политика, наведува ДПА.

Би можело да ве интересира

Америка започна втор бран разорни напади врз Иран

Иран тврди дека извршила напади врз американските воени бази во Кувајт, Јордан и Бахреин

Американските сили извршија серија напади врз воени цели во Иран

Нова криза во Персискиот Залив: САД воведоа блокада, Иран возврати

Иран ги гаѓа базите во Заливот, Трамп се заканува дека ќе нападне

Трамп свикал итен состанок во Белата куќа, бара разорни напади на Иран

Катерина Ѓуровски