Смени во романската Влада

Од:

Романскиот премиер Виктор Понта ќе именува нов министер за внатрешни работи и го смени министерот за правда.

Досегашниот министер за внатрешни работи Јоан Рус поднесе оставка откако беше во центарот на полемиката по повод организирањето на референдум за отстранување на претседателот Трајан Басеску.

Романскиот премиер ќе го смени и министерот за правда, но се уште не именува нов.

Се очекува Понта да ги смени и министрите за државна администрација и министер одговорен за односи со Парламентот.

Би можело да ве интересира

Во Романија референдум за промена на уставната дефиниција на семејството