Почина легендарниот актер Сем Нил, на 78-годишна возраст, пишува „Скај њуз“.
Актерот, најпознат по улогите во блокбастерот „Паркот Јура“ и хит-серијата „Бингамска банда“ (Peaky Blinders), остави неизбришлива трага во светската кинематографија.
Неговото семејство ја потврди тажната вест во официјално соопштение, наведувајќи дека тој починал во понеделникот, 13 јули, во Сиднеј, Австралија. Според нив, Нил починал мирно, опкружен со своите најблиски.
„Со огромна тага, семејството на Сем Нил ја споделува веста за неговата смрт во понеделникот, 13 јули, во Сиднеј, Австралија“, се вели во соопштението.
Семејството сака да изрази длабока благодарност до персоналот на приватната болница „Сент Винсент“ за нивната неверојатна грижа.
Повеќе детали ќе бидат соопштени подоцна, но засега, во име на семејството, ве молиме да ја почитувате нивната приватност додека се соочуваат со оваа неизмерна загуба“, изјави семејството на Нил.
Иако веста за неговата смрт беше неочекувана, семејството истакна важен факт – Сем остана „без рак“ до самиот крај, односно беше излекуван од ракот (лимфом) со кој се бореше во претходниот период.
Неговата борба со болеста беше позната на јавноста, но тој секогаш зборуваше за тоа со оптимизам, фокусирајќи се на работата и на својата винарија на Нов Зеланд.
