Соединетите Американски Држави се простија од Светското првенство по убедливиот пораз од Белгија со 4-1, а нивната елиминација предизвика бројни реакции и потсмев ширум светот.
Реакциите следуваа откако ФИФА, по интервенцијата на американскиот претседател Доналд Трамп, ја поништи суспензијата на американската ѕвезда Фоларин Балогун. Потегот предизвика жестоки критики, а многумина оценија дека со тоа е нарушен интегритетот на фудбалот.
Diabolical: Belgian soccer squad does the Trump dance after DESTROYING the US Team 4:1 pic.twitter.com/zjRnd5RYxW
— Catch Up (@CatchUpFeed) July 7, 2026
Прославата на белгиските фудбалери, предводена од Ромелу Лукаку, кој го изведе таканаречениот „Трампов танц“, стана симбол на исмевањето по елиминацијата на САД.
Портпаролот на Иранската фудбалска федерација изјави:
„Сега целиот свет танцува славејќи ја понижувачката победа на фудбалот над политиката.“
Белгиската фудбалска федерација, револтирана од вмешувањето на Трамп, на своите официјални профили објави кратка, но јасна порака:
„Поништете го и ова.“
„Трамповиот танц“, кој подразбира стоење во место и наизменично кревање на тупаниците во ритамот на музиката, стана вирален откако американскиот претседател го изведуваше на политички митинзи со песната YMCA. Изведбата на Лукаку, опкружен со соиграчите од белгиската репрезентација по постигнатиот гол, беше сфатена како јасна порака и ироничен одговор на случувањата околу американската селекција.
