ВИДЕО: Како Ибрахимовиќ ја направи емисијата со него поочекувана од натпреварите на Светското првенство

Од:

На своето прво Светско првенство кое го следи од телевизиско студио, а не од теренот, Златан Ибрахимовиќ успеа да го направи она што ретко им успева на поранешните фудбалски великани – да стане главната ѕвезда на преносите без воопшто да допре топка.

Американските медиуми пишуваат дека легендарниот Швеѓанец е најголемото засилување на Fox за Мундијалот 2026 и дека неговите настапи во студиото се следат со исто внимание како и натпреварите на најсилните репрезентации.

Fox го изгради шоуто околу Златан

Телевизиската мрежа Fox уште пред почетокот на турнирот го претстави Ибрахимовиќ како едно од главните лица на својата мундијалска програма. Во официјалната најава беше опишан како постојан ТВ аналитичар, а раководството на телевизијата откри дека токму тој бил на врвот на нивната листа на желби.

Паралелно беше лансирана и кампањата „World Cup, Welcome to Zlatan“, со промотивно видео снимено во Милано. Во него Златан, во свој препознатлив стил, порача дека не доаѓа тој кај Fox, туку дека Светското првенство и Fox доаѓаат кај него.

Дел од медиумите ја пренесоа и неговата изјава дека Светско првенство без Златан не би било вистинско Светско првенство – уште една епизода од неговиот добро познат мит за сопствената големина.

Најцитираните изјави

Уште во своето телевизиско деби, Ибрахимовиќ привлече внимание кога една репрезентација ја нарече „вреќа за удирање“, а во исто време откри дека поради семејните корени навива за Хрватска.

Голем одек предизвика и неговата критика кон селекторот на Холандија по елиминацијата од Мароко. Златан директно го обвини тренерот, оценувајќи дека тимот го загубил својот идентитет и дека играл премногу претпазливо.

Во друг настап ја бранеше Франција од обвинувањата дека е арогантна.

„Тоа не е ароганција, туку самодоверба. Луѓето кои не го разбираат менталитетот на победниците секоја самоувереност ја нарекуваат ароганција“, изјави тој.

Од сосема поинаков тон беше неговото емотивно обраќање за Босна и Херцеговина по пласманот во нокаут-фазата. Тој зборуваше за страдањата на земјата и призна дека му се ежи кожата кога гледа како народот слави, потсетувајќи дека токму од таму потекнува дел од неговото семејство.

Студиото како ситком

Американските медиуми посебно ја истакнуваат атмосферата во студиото, особено односот меѓу Ибрахимовиќ, Алекси Лалас и Тиери Анри.

Според американските ТВ-портали, ваквите моменти не се случајни. Fox намерно го гради студиото како ток-шоу во кое Златан ја има улогата на човекот што го кажува она што другите не се осмелуваат.

„Заспав додека го гледав натпреварот“

Еден од најкоментираните моменти беше неговата реакција по натпреварот Белгија – Иран , кога без двоумење призна дека дуелот бил толку здодевен што буквално заспал додека го гледал.

Американските медиуми оценуваат дека токму ваквите искрени коментари го прават различен од класичните телевизиски аналитичари.

Во меѓувреме, Fox дополнително го промовира преку специјални емисии, меѓу кои и проектот „GOATS on GREATNESS“, во кој разговара со легендата на американскиот фудбал Том Брејди за тоа што ги прави најголемите спортисти посебни.

Повеќе од аналитичар

Според анализите на медиумите што го следат спортскиот бизнис, Fox го ангажирал Ибрахимовиќ со јасна цел – гледачите да останат пред телевизорите и по завршувањето на натпреварите.

Иако не важи за најдетален тактички аналитичар, неговата харизма, самодоверба и препознатлив стил го претворија во главниот лик на телевизиската програма.

Како што заклучуваат американските медиуми, најинтересните работи што Златан ги прави на ова Светско првенство повеќе не се случуваат на теренот, туку меѓу рекламите – во телевизиското студио, каде што уште еднаш потврдува дека неговото име и понатаму привлекува внимание каде и да се појави.

Би можело да ве интересира

Ибрахимовиќ ќе се степаше со тренерот Алегри, спортскиот директор ги разделуваше

А1он

„Мојата сопруга готви и пере, иако сме милионери“ – Златан Ибрахимовиќ открива зошто нема луксуз во неговата куќа

А1он

Златан Ибрахимовиќ: Моите деца немаа мобилни телефони до 13 години, а немаат ни Инстаграм

А1он

Златан раскажа што му кажа на Лукаку на дербито: Ќе ти ја скршам секоја коска ако се приближиш!

А1он

Ибрахимовиќ откри кој е неговиот омилен фудбалер