Ако досега можевме да го менуваме локалот, сега со новиот производ дизајниран од англискиот иноватор Енди Френсис можеме целата „кафана“ да си ја носиме со нас.
Се разбира, не се работи за вистинска локал, туку за две воздушни пумпи, метална конструкција и гума.
На оваа идеја Френсис работел 9 месеци, изгледа како детски гумен замок, а може да соберат 30 луѓе.
Главната предност на оваа „кафана“ е нејзината преносливост, па се што треба да направите е да си изберете локација и да ги уклучите пумпите. Штом ќе ви здосади, променете го местото, но „кафаната“ останува со вас.