Кривична за осум лица вработени во Државен инспекторат за труд за кривично дело „несовесно работење во служба“

Од:

Денеска Одделението за внатрешни работи Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против С.Ш.С.(53) од Македонски Брод, С.Ѓ.(59) од Скопје, З.М.(64), С.З.(61), Т.К.(42), Н.Д.(43), Г.П.(41) и М.З.С.(44) сите од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ предвидено и казниво по член 353-в став 2 в.в став 1, а в.в. член 45 од Кривичниот законик.

Имено, во периодот од 2022 година до 16.03.2025 пријавените како службени лица вработени во Државен инспекторат за труд, иако биле должни да вршат инспекциски надзор над примената на законите, другите прописи и акти во сите дејности од јавниот и приватниот сектор, други правни и физички лица, како и граѓаните кои вршат дејност на територијата на Р.С. Македонија, спротивно на член 71 став 1 од Законот за инспекциски надзор ниту еднаш не покренале и не воделе постапка за инспекциски надзор по службена должност за утврдување на фактичка состојба во правно лице-угостителски објект од Кочани и покрај тоа што во периодот од 13 години бил единствен објект од таков вид на подрачјето на општина Кочани.

Исто така, не спречиле незаконско работење на објектот и во континуитет ги изложувале ангажираните лица (вработените) на опасност од непроверен и неконтролиран објект од аспект на основните права од работен однос и исполнетост на потребните мерки за безбедност и здравје при работа, со што овозможиле објектот незаконито да продолжи со вршење на угостителска дејност со активно работење остварувајќи противправна имотна корист во вкупен износ од 1.255.977,00 денари.

Би можело да ве интересира

Кривична против тројца скопјани за нападот врз 14-годишник во Ченто

А1он

30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за екс-претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини

Горан Наумовски

Полицијата поднесе кривична против екс-претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, осомничен е за проневера во службата

Горан Наумовски

Две службенички од Основниот суд Куманово осомничени за злоупотреба на лични податоци и несовесно работење

Кривична пријава за пет лица поради нелегална сеча и транспорт на дрва