Тешка сообраќајка на патот Штип – Пробиштип, се судрија две возила додека го избегнуваа локалниот пожар

Од:

Две патнички возила денеска директно се судрија на магистралниот пат Штип – Пробиштип, откако едното возило, според првичните информации, во обид да избегне пламени наноси од активен пожар, навлезе во спротивната сообраќајна лента.

Несреќата се случи кога возилото кое се движеше кон Штип премина на спротивната страна од коловозот и директно се судри со автомобил што доаѓаше од спротивен правец.

Во сообраќајната несреќа повредени се повеќе лица, кои со возила на Итната медицинска помош се пренесени во болница, каде им е укажана лекарска помош.

Засега нема информации за тежината на нивните повреди.

Би можело да ве интересира

МВР објави детали: тројца повредени во сообраќајката во близина на скопскиот аеродром

Сообраќајна несреќа го затвори патот до скопскиот аеродром

Катерина Ѓуровски

Teшка сообраќајка на патот Прилеп – Градско, двајца загинати

А1он

Тешка сообраќаjка кај Задар – двајца загинати

А1он

Идентификувана е и четвртата жртва од сообраќајката на обиколница, 20-годишно момче

Катерина Ѓуровски

МОБ: Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, кој остави длабока трага во македонската музичка култура