Еден од најдраматичните натпревари на досегашниот тек од Светското првенство понуди вистински трилер. Хрватска имаше водство, Португалија направи пресврт, а потоа следуваше вистинска драма во самиот финиш.
Во 13. минута од судиското продолжение беше испратена длабинска топка кон Игор Матановиќ, по што таа стигна до Марио Пашалиќ, кој се наоѓаше во офсајд, а во продолжението на акцијата Јошко Гвардиол ја испрати во мрежата.
ВАР веднаш реагираше, но ниту телевизиските снимки не можеа јасно да покажат дали Матановиќ имал контакт со топката. Доколку ја допрел, тогаш Пашалиќ бил во недозволена позиција.
Токму затоа се користи сензорот вграден во топката, кој овојпат одигра клучна улога. Технологијата потврди дека Матановиќ навистина имал минимален контакт со топката, по што норвешкиот судија ја поништи радоста на Хрватите и го остави во сила триумфот на Португалија.
