Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа загуби од големата фаворитка Аманда Анисимова со 2-0 во сетови, но не разочара во дебитантскиот и историски настап на Вимблдон. За првпат во историјата еден македонски тенисер се појави во главниот ждреб на најпрестижниот тениски турнир во светот.
Ѓорческа во првиот сет даде солиден отпор и освои три гема. Анисимова ја потврди својата класа, таа е финалистка од минатата сезона, а има големи амбиции за освојување на турнирот.
Во вториот сет Аманда Анисимова славеше со 6-2 во гемови, а мечот траеше еден час.
