А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Спорт

Контроверзен натпревар на Мундијалот: Навивачите се сомневаат дека Австрија и Алжир одиграле „договорен“ меч

by А1он28/06/2026 - 10:47487
Share0

Еден од најконтроверзните натпревари на Светското првенство предизвика вистинска бура на социјалните мрежи, откако Австрија и Алжир одиграа 3:3 – резултат што им обезбеди пласман на двете селекции во осминафиналето, а го елиминираше Иран.

Следете a1on на Instagram Instagram

Бидејќи натпреварот беше последен во групата Ј, двете репрезентации знаеја дека нерешен резултат им одговара и на двете. Со таков епилог Иран остана без место меѓу најдобрите третопласирани селекции и не успеа да се пласира во нокаут-фазата.

Многумина го поврзаа овој расплет со Светското првенство во 1982 година, кога Западна Германија и Австрија го одиграа озлогласениот натпревар познат како „Срамот во Хихон“, по кој токму Алжир беше елиминиран од турнирот.

Натпреварот понуди вистинска драма. Австрија поведе преку Марко Арнаутовиќ во 28. минута, но Рафик Белгали израмни непосредно пред паузата. Во второто полувреме Марсел Сабицер повторно ги донесе Австријците во водство, а само пет минути подоцна Ријад Марез израмни на 2:2.

Следете a1on на Youtube YouTube

По вториот гол долго време немаше вистински возбудувања, а двете репрезентации играа претпазливо, бидејќи нерешениот резултат им обезбедуваше пласман понатаму.

Lmao the Algerians celebrated the last goal of Austria more than their wining goal. pic.twitter.com/SPIdk63cwI

— Chosen (@the_Chosen_212) June 28, 2026

Драмата следуваше во судиското продолжение. Марез во 93. минута постигна втор гол и му донесе водство на Алжир од 3:2, резултат што ја елиминираше Австрија и му отвори врата на Иран за осминафиналето.

Сепак, само неколку моменти подоцна, во 96. минута, Саша Калајџиќ погоди за конечни 3:3 и повторно ја испрати Австрија во елиминациската фаза, а Иран остана без пласман.

Дополнителни сомнежи предизвика фактот што ремито повеќе му одговараше и на Алжир. Со освоениот бод Алжир го избегна дуелот со Шпанија во следната рунда и ќе игра против Швајцарија, која на хартија се смета за полесен противник.

По натпреварот, социјалните мрежи беа преплавени со реакции. Дел од навивачите тврдеа дека мечот изгледал „договорен“, додека други оценија дека станува збор за еден од најнеобичните натпревари во историјата на светските првенства.

И покрај бројните шпекулации, досега нема никакви докази или официјални информации што би укажале дека натпреварот бил наместен.

sportsvetsko prvenstvo

Би можело да ве интересира

Премиерлигата стартува: Арсенал ја брани титулата, девет клубови со нови тренери

Предраг Петровиќ15/08/2026 - 01:0515/08/2026 - 08:54

Британскиот велосипедист Финлеј Тарлинг (19) загина на трката во Португалија – директен судир

Предраг Петровиќ15/08/2026 - 00:1414/08/2026 - 21:17

Пазарот полуде: Три трансфери над 100 милиони фунти

Предраг Петровиќ15/08/2026 - 00:1214/08/2026 - 21:14

Чиро Имобиле ја заврши кариерата на 36 години: Семејството на прво место

Предраг Петровиќ15/08/2026 - 00:0614/08/2026 - 20:57

ВИДЕО: Брод полн со туристи се приближи до јахтата на Халанд, неговата реакција стана хит

Предраг Петровиќ10/08/2026 - 15:50

Се намалува поддршката за Инфантино: Од регионов, Србија и Хрватска против негов нов мандат во ФИФА

Предраг Петровиќ07/08/2026 - 17:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео