Неколку илјади граѓани и студенти на студентски митинг во Нови Сад

Од:

Неколку илјади луѓе се собраа во саботата на повик на студентите во блокада во Нови Сад, во близина на универзитетскиот кампус.

Митингот вклучуваше прошетка од кампусот и блискиот парк Лимански, каде што собранијата на граѓани на Нови Сад и други организации ги поставија своите штандови.

Корупцијата, медиумските слободи, односот на полицијата кон граѓаните, се некои од темите на протестот.

Граѓани од други градови во Србија – Крагуевац, Белград, Суботица, Бачка Паланка, Кула, Шабац – пристигнаа на митингот.

Како што известува новинар на Радио Слободна Европа, учесниците на митингот носеа знамиња и знаци со пораките „Студентите победуваат“, „Срем не молчи“, „Нови Сад – слободен град“.

Митингот го обезбедуваше сообраќајната полиција.

Студентите, кои повеќе од една година ги водат антивладините протести во Србија, бараат предвремени парламентарни избори.

И изборите се исто така тема на овој митинг.

Масовните протести против владата започнаа по уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 година, во која загинаа 16 лица, а едно лица беше тешко повредено.

Оттогаш, студентите и граѓаните кои ги поддржуваат бараат кривична и политичка одговорност за несреќата, а од мај 2025 година инсистираат на избори на кои самите ќе учествуваат.

Во пресрет на централниот настан во Нови Сад, студентите и граѓаните собрани на митинзи ја претставија и својата кампања „Студент во секое село“.

Ова, како што претходно објаснија, ќе биде една од главните форми на нивната изборна кампања.

Би можело да ве интересира

„Борба до слобода“, рекоа студентите на антивладиниот протест во Нови Сад

Горан Наумовски

„Сè започна тука“: Студентски протест во Нови Сад, поставени штандови пред главниот дел од програмата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се гледаме утре и секој ден, сè додека нема правда – порака од големиот собир во Нови Сад

Катерина Ѓуровски

Новак Ѓоковиќ се огласи на годишнината од трагедијата во Нови Сад

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мајката на една од жртвите во Нови Сад ќе штрајкува со глад

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 16 минути тишина за жртвите, голем собир во Нови Сад

Катерина Ѓуровски