Утре сончево и топло, од понеделник променливо и нестабилно со дожд, грмежи и ветер

Од:

Времето и утре претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во северозападните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи, соопшти УХМР.

Од понеделник следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа над 15 l/m²).

Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град.

Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.

Маскималните дневни температури ќе се движат во интервал од 29 до 38 степени.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло, попладне локален пороен дожд

Денеска ќе биде сончево и топло

Денеска сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер

Претпладне сончево, попладне дожд, грмежи и ветер

Денеска сончево и топло, со умерена локална облачност

Денеска променливо облачно со сончеви периоди