Сончево и топло, попладнe можен краткотраен пороен дожд

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до средината на следната седмица времето претпладне ќе биде сончево и потопло со променлива облачност.

Поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во планинските и југоисточните делови од државата. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.

Би можело да ве интересира

Пеколен топлотен бран во Македонија, во регионот пожари, Дунав на најниско ниво

Сончево и топло, температури до 39 степени

А1он

Период на пеколно време во земјава, лекарите алармираат

Температури до 38 степени денеска, во следниот период потопло

Можно невреме денеска, од утре повторно топло

Сончево време со мала до умерена локална облачност

А1он