Договорот со Соединетите Американски Држави (САД) за прекин на конфликтот во Иран е блиску и вклучува повторно отворање на Ормутскиот теснец, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи.
Тој изјави за иранската телевизија дека договорот вклучува и укинување на блокадата на САД кон Иран, но дека разговорите за нуклеарната програма на Иран ќе започнат подоцна.
Би-Би-Си објави дека американските претставници потврдиле некои од деталите од договорот.
Според нив, економските придобивки за Иран ќе зависат од тоа дали Техеран ќе ги исполни своите обврски.
Арагчи рече дека меѓу претставниците на Врховниот совет за национална безбедност има „и поддржувачи и противници“ на најновите услови од договорот.
„Мора да почекаме. Доколку биде одобрен, договорот ќе биде потпишан од далечина“, додаде тој.
