Сончево со мала до умерена локална облачност

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе биде во интервал од 22 до 28 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 27 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до четврток времето ќе биде претежно сончево и стабилно, освен во среда кога се очекуваат нови врнежи од дожд.

За време на викендот ќе биде посвежо, а од понеделник температурата ќе биде во пораст.

Би можело да ве интересира

Сончево со температури до 26 степени

Сончево и топло со температури до 26 степени

Променливо време со ниски утрински температури

Променливо облачно време со сончеви периоди

А1он

И сонце и облаци, темепратури до 23 степени

Променливо облачно, со локален дожд