Работната група за реформи во изборното законодавство ја одржа осмата седница, разгледани предлозите на институциите за реформи во изборното законодавство

Од:

Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа осмата седница, на која, како што информираат, биле разгледани преостанатите отворени прашања поврзани со подготовката на измените и дополнувањата на Изборниот законик.

На седницата, на покана на Министерството за правда, присуствувале и претставници на институциите кои претходно доставиле предлози, мислења и препораки во рамки на процесот на подготовка на измените на Изборниот законик за кои, како што информираат од министерството, беа потребни дополнителни појаснувања.

-Со цел обезбедување поцелосна и поаргументирана расправа, институциите имаа можност непосредно пред членовите на Работната група да ги презентираат своите предлози и да дадат дополнителни образложенија по прашањата кои беа предмет на разгледување – се вели во соопштението од МП.

Од Правда, информираат дека веќе следната недела ќе бидат вградени усогласените решенија во текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој ќе биде доставен до членовите на Работната група за дополнителен увид и евентуални забелешки.

Министерството за правда, се вели во соопштението, изразува благодарност до сите членови на Работната група, претставниците на институциите и политичките субјекти за нивниот активен придонес во процесот на подготовка на реформите во изборното законодавство.

Би можело да ве интересира

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

Мицкоски: СДС е против се, а е само за марихуана економија во Македонија

Јосифово на удар од диви свињи: цело стадо се спушти над селото, жителите бараат итна реакција

Предраг Петровиќ

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Мециновиќ: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ – Левица разговара со сите опозициски чинители

Предраг Петровиќ

Промовирана алатка за пријавување онлајн вознемирување врз жени во медиумите