Апелација ја потврди едногодишната казна затвор за Стевчо Јакимовски за бесправно градење

Од:

Апелацискиот суд Скопје делумно ја потврди првостепената пресуда во предметот за изградбата на општинската зграда во Карпош, при што ја потврди едногодишната затворска казна за поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски за кривичното дело бесправно градење, соопшти Кривичниот суд Скопје.

– Второстепениот суд, постапувајќи по жалба на обвинетите и на надлежниот Јавен обвинител донел пресуда со КОКЖ бр. 110/25 според која, пресудата против обвинетиот С.Ј. – поранешен градоначалник на општина Карпош, за кривичното дело – Бесправно градење од чл. 244 – а ст.1 од КЗ за кое дело му е утврдена казна затвор во траење од 1 година СЕ ПОТВРДУВА, а во изречената казна затвор му се засметува и времето минато во куќен притвор од 19.03.2019 год до 15.08.2019 година – стои во соопштението од Кривичен суд.

Во изречената казна ќе биде пресметано и времето што обвинетиот го поминал во куќен притвор во периодот од 19 март до 15 август 2019 година.

Во однос на кривичното дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.4 вв ст.1 вв чл. 45 од КЗ жалбата на обвинетиот е уважена и предметот, само во тој дел се враќа на повторно судење.

– Во однос на ова кривично дело, со оглед да истото е сторено во период од 2011 година до 2017 година, предвидената казна е од три до пет години, па согласно одредбите за застарување истото би застарело во 2027 година – дополнуваат оттаму.

Во делот за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување, Апелацискиот суд ја уважил жалбата на обвинетиот и предметот го вратил на повторно судење. Според судското соопштение, делото се однесува на периодот од 2011 до 2017 година, а согласно законските рокови, кривичното гонење би застарело во 2027 година.

Одлуката се однесува и на второобвинетиот Т.Ѓ., за кого Апелацискиот суд ја укинал условната осуда изречена во прв степен и предметот го вратил на повторно постапување.

Оттаму појаснуваат дека укинатиот дел од предметот ќе биде распределен кај нов судија, бидејќи досегашниот не е веќе распореден во Одделот за организиран криминал и корупција, додека делот во кој е потврдена затворската казна ќе биде доставен до судија за извршување санкции.

Основниот кривичен суд Скопје во април лани му изрече вкупна казна затвор од три и пол години на поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски за бесправно градење (една година) и злоупотреба на службената положба (три години) поврзани со изградбата на општинската зграда во Карпош.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митева: Стевче Јакимовски да им објасни на граѓаните како е возможно, за една календарска година, со неговото семејство да станат сопственици на две градежни парцели во најелитниот дел на Карпош

Јакимовски: Наместо со идеи, визија и програма, власта на терен излезе со вреќи брашно

А1он

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош е прва општина со фотоволтаици во сите училишта

А1он

Јакимовски: Министерот за спорт не се откажува од својата каубојска намера да ја одзема салата „Наум Наумовски Борче“

А1он

Јакимовски: Актерот Вељановски се направи експерт дури и за канализации

Горан Наумовски