Ја прегази амбулантно возило, загина жена кај Чачак

Од:

Повозрасна жена почина денес на обиколницата околу српскиот град Чачак кога била удрена од амбулантно возило додека ја преминувала улицата.

Според очевидци, жената била удрена надвор од пешачкиот премин од амбулантно возило на кое биле вклучени ротирачките светла и звучниот сигнал.

Според првите информации, во амбулантното возило имало пациент кој го продолжил своето патување со друго возило.

Местото на несреќата е само на неколку десетици метри од раскрсницата со семафори и пешачки премини.

Сообраќајот на овој дел од обиколницата околу Чачак е во прекин, а сообраќајната полиција ги пренасочува возилата кон алтернативни правци.

Би можело да ве интересира

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски

МВР: 18-годишник кој е во бегство ја прегази жената во скопската населба Капиштец

(ВИДЕО) Хаос во Градското собрание на Чачак: Советниците се испокараа и се степаа, а разменија и остри зборови

Злосторство во семеен дом во Чачак – пронајдени три безживотни тела

А1он

Загина 48 годишна жена во Ниш – врз неа падна дрво

А1он

Во центарот на Чачак беа измерени неверојатни 54 степени

Горан Наумовски