Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.
Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степени.
Во наредните денови нè очекува променливо облачно и топло време со сончеви периоди.
Во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Заради големата енергија во атмосферата ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.
