Binance воведува тргување со американски акции и најавува токенизирани хартии од вредност

Од:

Важен чекор кон визијата на Binance за повеќенаменска финансиска супер-апликација за инвестирање, тргување и финансии на блокчејн
Binance ја претстави можноста за тргување со американски акции, со што на квалификуваните корисници им овозможува пристап до повеќе од 7.000 акции и фондови што се тргуваат на берза, листирани на американскиот пазар. Овој потег ја одразува увереноста на Binance дека финансиската вклученост значително се зголемува тогаш кога пристапот до инвестициски можности станува поедноставен и поинтегриран. Компанијата исто така најавува дека наскоро ќе претстави и токенизирани американски акции, продолжувајќи ја реализацијата на својата визија за повеќенаменска финансиска супер-апликација.

„Нашата цел е да допреме до следните три милијарди корисници, а за да го постигнеме тоа, мора да го поедноставиме пристапот до различни класи на средства, да овозможиме диверзификација на портфолиото и да го олесниме преминот меѓу традиционалното инвестирање и финансиите на блокчејн“, изјави Yi He, ко-основач и ко-извршен директор на Binance. „Токму на тоа треба да му служи една повеќенаменска финансиска супер-апликација.“

Новата услуга е овозможена преку брокерско-дилерското друштво на Binance, регистрирано во глобалниот пазар во Абу Даби, Nest Trading Limited, со што повеќенаменската платформа на Binance дополнително се проширува преку интеграција на тргувањето со американски акции и идната токенизација во едно единствено корисничко искуство. Со намалување на пречките за пристап и поседување на традиционални финансиски инструменти, Binance го продолжува пристапот што веќе се покажува успешен преку производи како трајните фјучерс-договори.

Квалификуваните корисници ќе можат да тргуваат со американски акции без провизија, да купуваат делумни акции веќе од пет американски долари, како и да остваруваат директно сопствеништво врз акциите што ги чува клириншки брокер регулиран во САД, вклучувајќи право на дивиденди и други корпоративни придобивки таму каде што тоа е применливо. Одредени акции ќе бидат достапни и за тргување 24 часа дневно, пет дена во неделата. Купувањето првенствено ќе се врши преку USDC, со поддршка и за BNB, USDT, USD1 и $U, додека средствата од продажбата ќе се исплаќаат во USDC. Ќе биде достапна и опција за позајмување Paid Securities Lending (FPSL), која им овозможува на корисниците да остваруваат пасивен приход со позајмување на своите акции.

Во наредните недели, со потребните регулаторни одобренија, Binance ќе ги претстави и bStocks, односно токенизирани хартии од вредност што претставуваат избрани американски акции и фондови што се тргуваат на берза. Нив ќе ги издава компанијата BTECH Holdings Ltd, посебно наменско правно лице регистрирано во глобалниот пазар во Абу Даби (ADGM). По нивното лансирање, овие токенизирани хартии од вредност ќе бидат достапни за тргување на платформата Binance Exchange.

Како најголема светска берза за дигитални средства според обем на тргување и број на корисници, Binance ќе овозможи природен мост меѓу традиционалното сопствеништво над акции и програмабилната, постојано достапна токенизирана имотна вредност — во размер што малкумина можат да го понудат на глобално ниво. Со тоа се отвораат нови можности за користење на вистински акции во рамки и надвор од екосистемот на Binance, вклучувајќи постојан пристап преку блокчејн и потенцијални примени во децентрализираните финансии, како што се позајмување и обезбедување ликвидност.

„Токенизацијата има потенцијал да ги трансформира финансиските пазари, обезбедувајќи им на корисниците поголема контрола, поголема флексибилност и, на крајот, поголема финансиска слобода“, изјави Ричард Тенг ко-извршен директор на Binance. „Гледаме значајна можност финансиските средства да ги направиме подостапни, покорисни и подобро поврзани меѓу традиционалните и дигиталните пазари.“
Важни напомени:
• Ова соопштение заеднички го објавуваат Nest Trading Limited и Nest Exchange Limited.
• Nest Trading Limited дејствува како брокер-посредник и ги проследува налозите за тргување со хартии од вредност до својот партнер, клириншкиот брокер Alpaca, кој е задолжен за извршување на налозите, клиринг, порамнување и услуги за чување средства. Binance не управува со хартии од вредност на корисниците и не ги чува. Тргувањето со хартии од вредност е изложено на пазарен и ликвиден ризик, како и на ценовна нестабилност, особено надвор од редовното работно време на пазарот.

• bStocks не се самите акции и не овозможуваат директно сопствеништво врз акциите на основната компанија. Овие токенизирани хартии од вредност се класифицирани како сертификати што претставуваат определени финансиски инструменти.

• Издавањето на овие токенизирани хартии од вредност подлежи на регулаторно одобрување од надлежниот орган за финансиски услуги.
• Ова соопштение е наменето исклучиво за информативни цели и не претставува понуда, препорака или повик за купување или продавање хартии од вредност во која било јурисдикција. Услугата е достапна само за квалификувани корисници во дозволени јурисдикции.

• Binance не обезбедува услуги за американски државјани ниту за резиденти на Соединетите Американски Држави. bStocks не се достапни, понудени ниту дистрибуирани во Соединетите Американски Држави ниту на американски лица.

• bStocks се подлежни на пазарен, ликвидносен, регулаторен, технолошки и други ризици, вклучувајќи и можност за целосна загуба на инвестицијата. На корисниците им се препорачува внимателно да ја проучат релевантната документација и предупредувањата за ризик пред тргување.

За Binance
Binance е водечки глобален блокчејн-екосистем што стои зад најголемата светска берза за криптовалути според обем на тргување и број на регистрирани корисници. Повеќе од 310 милиони луѓе во над 100 земји му веруваат на Binance благодарение на водечките стандарди за безбедност, транспарентност, брзина на тргување и заштита на корисниците, како и поради широкиот спектар производи и услуги: од тргување и финансиски решенија, до едукација, истражувања, општествено одговорни иницијативи, платежни услуги, институционални решенија и можности на Web3. Binance е посветен на изградба на инклузивен крипто-екосистем што придонесува кон поголема финансиска достапност и слобода на парите ширум светот, користејќи ја криптовалутата како основно средство за таа промена.

Би можело да ве интересира

Токенизацијата на пат кон пазар од трилиони долари

Катерина Ѓуровски

Binance го одбележува Bitcoin Pizza Day со настан во Скопје

Горан Наумовски

Binance воведува заштита при повлекување на средства за одбрана од физички закани

Горан Наумовски

Овој викенд во Куманово, Binance го претвора центарот на градот во место за крипто, заедница и локални вкусови

Катерина Ѓуровски

Што треба да знаете пред да ја купите вашата прва криптовалута

Катерина Ѓуровски

Binance овој викенд во Битола носи крипто, заедница и локални вкусови

Горан Наумовски