(ВИДЕО) Петрушевски: Синдикалните членарини не смеат да служат за привилегирани патувања и луксузни игри на Јадранот

Од:

Синдикалните членарини не смеат да служат за привилегирани патувања и луксузни игри на Јадранот. Работниците во Македонија заслужуваат чесно, одговорно и транспарентно синдикално претставување, а не раководства кои од нивните членарини организираат скапи патувања и луксузни спортски настани надвор од Македонија, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Деаноски со 60.000 евра, пари на синдикалците, организирал четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора, и со него повел привилигирани членови на синдикатот кои се членови и на СДС. И затоа, наместо да шири празни флоскули и демагогии, треба да каже дали се точни информациите кои ги добивме од свиркачи во синдикатот, дека на спортските игри предност имале да одат оние кои заедно со него и Трендафилов протестираа, а воедно се членови на СДС? Наместо УПОЗ и ССМ да бидат целосно посветени на заштита на работниците, нивното раководство предводено од Деаноски и Трендафилов, се повеќе покажува дека го губи компасот и дека се оддалечува од базата, од членството и од реалните потреби на народот. Деаноски и Трендафилов треба повеќе да работат и да се трудат да го полнат џебот на работниците, а не да живеат на сметка на истите, рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

(ВИДЕО) Петрушевски: Дака му дал 300.000 евра на Заев за да добие повратна услуга

(ВИДЕО) Петрушевски: Молкот на СДС отвора сомнежи, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС го штити Груби од криминалот, дури повеќе од што ги штитат Заев и Филипче

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, денес никој не е над законот

Зоран Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски

Катерина Ѓуровски