Мицкоски – Мацут: Јакнење на регионалната поврзаност, инвестициите и соработката

Од:

Премиерот Христијан Мицкоси и неговиот српски колега Ѓуро Мацут денеска на средба разговарале за унапредување на билатералната соработка, регионалната стабилност и можностите за продлабочување на економските и институционалните врски меѓу двете земји.

– Во пријателска и конструктивна атмосфера разменивме мислења за актуелните предизвици и заедничките приоритети, со посебен акцент на јакнењето на регионалната поврзаност, инвестициите и соработката во области од заемен интерес. Ја потврдивме подготвеноста за понатамошно развивање на добрососедските односи и заедничка работа во насока на просперитет, стабилност и подобра иднина за граѓаните на двете држави, напиша Мицкоски во објава на Фејсбук, по средбата.

Мицкоски со владина делегација е во посета на Србија, каде во Нови Сад попладнето се одржа свечена академија со која се одбележаа 80 години од населувањето на Македонците во Војводина.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Нови Сад: Народот што го чува јазикот ја чува и својата иднина

Мицкоски за спорот со Бугарија: Македонија нема да прави чекори без реципроцитет

(ВИДЕО) Мицкоски: Новиот закон за тутун е усогласено и балансирано решение

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

Мицкоски: Не можам да откривам детали, но има нови сознанија за аферата „Мазут“

Горан Наумовски

Мицкоски: Сегашната Влада е 2,5 до 3 пати поуспешна од претходната

Горан Наумовски