Уапсени се патник и возач на автобус – пронајдени непријавени 34.965 евра

Од:

Вкупно 34.965 евра, кои не биле пријавени се пронајдени денеска во автобус, кој сообраќал на релација Германија – Македонија, соопшти МВР.

Полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција на подрачје на СВР Тетово денеска сопреле автобус „мерцедес” сопственост на туристичка агенција, управуван од Р.Ф.(37) од с. Доброште, Тетовско кој се обраќал на релација Германија – Македонија.

При преглед на автобусот во приколката се пронајдени повеќе канти за кој лицето не поседува документи и дозволи за транспорт. Додека при извршен преглед кај еден од патниците Ф.И.(20) од Теарце пронајдени се пет пликоа со разни апоени, со вкупна вредност од 34.965 евра кој истиот ги внел преку граничниот премин Табановце без притоа да ги пријави и притоа не поседувал никакви документи за сопственост и потекло на парите.

Лицата се лишени од слобода по член 278 „криумчарење” од Кривичниот законик и член 29 од Закон за девизно работење и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Уапсени се 14 возачи за безобѕирно возење

А1он

Скопјанец (49) во училиштен двор во Илинден натепа врсник на син му

А1он

Нападнати се син, брат, сопруга и партнерки – петмина насилници завршија со лисици на рацете

А1он

Скопјанец (64) пронајден починат на „Видиковец“ кај Средно Водно

А1он

Камион удри во девојка на кружен тек во Кисела Вода

А1он

Прегазен велосипедист на булевар во Скопје

А1он