Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син се меѓу жртвите во трагедијата на скопската обиколница

Од:

Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син Адам се меѓу четирите жртви во тешката сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница.

Трагедијата се случи помеѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци, кога товарно возило со косовски регистарски таблички ја пробило заштитната ограда, преминало на спротивната коловозна лента и директно се судрило со патничко возило „БМВ“.

По силниот удар избувнал пожар, при што автомобилот целосно изгорел. Во несреќата животот го загубија четири лица.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, загинале возачот Р.В. (51), двајца 20-годишни сопатници и уште едно лице чиј идентитет првично не бил утврден. Подоцна било потврдено дека меѓу жртвите се и оперскиот уметник Ристе Велков и неговиот син.

Возачот на камионот, 76-годишен државјанин на Косово, е приведен, а надлежните институции спроведуваат истрага за причините за несреќата.

Би можело да ве интересира

Кошаркарскиот тренер Антонио Савески е возачот кој загина во несреќата на патот Охрид-Кичево

A1on

Сообраќајка во Србија – има загинати, возило комплетно изгоре

А1он

Загинаа двајца полицајци и пет момчиња во тешка сообраќајка во Англија

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Свети Николе – повреден е мотоциклист

А1он

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица

Сообраќајка на магистралата Гостивар – Кичево, повредени три деца и жена