Четворица загинати во страотна сообраќајна несреќа на скопската обиколница

Од:

Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случи на скопската обиколница, во близина на Радишани, кога патничко возило „БМВ“ директно се судрило со камион, по што автомобилот се запалил.

Несреќата се случила околу половина час пред полноќ. На местото веднаш интервенирале екипи на полицијата, противпожарната служба и Итната медицинска помош, но според првичните информации, за патниците во автомобилот немало спас. Од силината на ударот, возилото целосно изгорело.

Според информациите што ги објавија дел од медиумите, можно е до трагедијата да дошло откако камионот со косовски регистарски таблички преминал на спротивната коловозна лента. Неофицијално, се претпоставува дека возачот на товарното возило можеби изгубил свест поради замор непосредно пред судирот.

Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјална потврда за идентитетот на загинатите. Не е познато дали станува збор за семејство или група млади лица, а според првичните информации не се исклучува можноста меѓу жртвите да има и деца.

Во текот на ноќта бил извршен увид на местото на несреќата, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот. По неколку часа, патот е пуштен за сообраќај.

фото: Алсат

Би можело да ве интересира

Повредени се 62 годишна жена и 12 годишно дете – се судрија со тротинети

А1он

Загина патник во такси во Подгорица

А1он

(ВИДЕО) Возач загина во судир на камиони кај Стара Пазова

А1он

Уапсен е возачот кој со камион прегази старец на патот Прилеп – Градско

ВИДЕО: Струмичанец е каминоџијата кој загина во несреќата во Хрватска

Катерина Ѓуровски

Автомобил излета од патот Скопје-Велес, извлечени шестмина повредени

Катерина Ѓуровски