Притвор за тетовец – кај него се најдени кокаин и метамфетамин

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информира ОЈО, при претрес во домот на улица „Илинденска“ во Тетово, во кој осомничениот живеел како потстанар, полицијата пронашла вкупно околу 44 грама кокаин и околу 3 грама метамфетамин.

Дрогата била спакувана во повеќе помали пакувања и наменета за илегална продажба, а во станот била пронајдена и дигитална вага со траги од наркотици.

Поради околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и ризик осомничениот да продолжи да го врши кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од тетовскиот суд достави предлог за определување мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Во Србија фатен бугарски државјанин со над три килограми дрога

А1он

Во буре закопано во дворот чуваше 13 килограми дрога

А1он

Уапсен е гостиварец, кај него е пронајдена дрога

А1он

Притвор за дилер од Скопје – кај него е пронајден кокаин

А1он

Дилер од Битола им продавал марихуана и на деца

А1он

Кај 21-годишен скопјанец пронајдени се четири килограми марихуана

А1он