Куче по име Лазар, чии сопственици тврдеа дека е најстарото куче на светот, почина во четвртокот на возраст од 30 години и пет месеци, објавува BFM TV.
Лазар, раса Папилон, стекна популарност на социјалните мрежи како „Лазар 30-годишникот“ и „најстарото куче на светот“, иако неговиот рекорд сè уште не е официјално потврден од Гинисовата книга на рекорди.
Според сопственикот, кучето угина во ветеринарниот центар во Алонзи-ла-Кај во Горна Савоја, откако биле забележани знаци на слабост и апатија.
Животното претходно било сместено во азил во Анси, по смртта на неговиот прв сопственик, а неодамна било посвоено од Офели Будол (29), која го документирала неговиот живот на социјалните мрежи.
– Не беше најубавото куче, но врската беше моментална… Го примив Лазар затоа што ова куче ме допре. Не сакав да го заврши животот сам во засолниште. Му требаше да биде опкружен со љубов – рекла таа.
Сопственичката изјавила дека Лазар починал мирно, „во нејзините раце“, откако добил медицинска помош во клиниката, вклучително и инфузија.
Официјална потврда за рекордот сè уште не е дадена, а Гинисовата книга на рекорди разгледува документација за возраста на кучето, додека моменталниот рекорд за долговечност на куче сè уште го држи австралиски овчар кој живеел 29 години и 160 дена.
