Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утре ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град.

Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Би можело да ве интересира

Температури до 38 степени денеска, во следниот период потопло

Можно невреме денеска, од утре повторно топло

Сончево време со мала до умерена локална облачност

А1он

Сончево со температури до 34 степени денеска, утре дожд, а во викендот мирно

УХМР најавува дожд и ветер во следните денови, во петок и драстичен пад на темепратурата

Многу топло, попладне нестабилно со дожд, грмежи и ветер