Спасувачки тимови пребаруваат терен во потрага по повеќе од 100 луѓе исчезнати по лизгање на земјиште во југозападна Кина.
Агенцијата Синхуиа јави дека земја и кал утрото прекриле едно село во провинцијата Јунан, при што биле затрупани повеќе од 200 луѓе. Лизгањето на земјиште е активирано по повеќедневни поројни дождови и бури. Агенцијата јави дека се спасени повеќе од 80 луѓе. Во селото живееле околу 900 жители.