ВИДЕО: Авион усмрти човек на писта во Денвер

Од:

Патнички авион удри човек на пистата во САД, објави CBS News

Неидентификувано лице се искачи преку ограда на аеродромот во Денвер и, во рок од две минути, стигна до пистата, каде што беше удрен од Airbus A321.

Човекот почина на местото на настанот од повредите. Се верува дека не бил вработен на аеродромот; неговиот идентитет се утврдува.

Како резултат на инцидентот, 12 патници се здобија со полесни повреди, од кои петмина се хоспитализирани.

Останатите патници беа евакуирани, а летот е одложен.

Би можело да ве интересира

Пожар во авион на „Американ ерлајнс“ во Денвер: Итна евакуација на 179 патници од „Боинг 737 МАКС“

ВИДЕО: Се запали Боинг во Денвер, патниците бегаа преку крилото

Катерина Ѓуровски