Грозданов: „Имаме 100 милијарди евра под земја, време е за знаење наместо хистерија“

Од:

Македонија мора да престане да води дебати за рударството преку страв и политички популизам, а наместо тоа да понуди знаење, стручност и јасна индустриска стратегија, оценува Виктор Грозданов во најновата колумна.

Тој смета дека јавноста се соочува со дезинформации и недоволно познавање на темата, особено околу најавите за отворање рудник за антимон.

„Од сите кои излегоа во јавноста со тврдења за еколошка бомба, не слушнав некој да зборува за основните научни факти за антимонот“, пишува Грозданов.

Во колумната се потенцира геополитичкото и економското значење на минералите, при што се посочува дека Кина е најголем производител на антимон и дека овој метал има примена во батерии, микроелектроника и современи индустрии.

„Ако сакаме да бидеме доверлив партнер на САД и западните економии, мораме да понудиме знаење и образовен кадар, а не само хистерија“, наведува авторот.

Грозданов смета дека Македонија има сериозен економски потенцијал во рударството.

„Имаме 100 милијарди евра закопани во земјата, пред сè во бакар, злато и други минерални богатства“, пишува тој, додавајќи дека државата може да стане „респектабилен фактор за инвестирање“.

Во текстот остро се критикуваат политичките партии и дел од еколошките организации за, како што наведува, „сеење страв“ и манипулации.

Авторот тврди дека јавноста намерно била доведена во заблуда и во случајот со инцидентот во рудникот Тораница.

„Не пукна хидројаловишна брана, туку цевка со техничка вода“, посочува Грозданов, оценувајќи дека ширењето паника преку јавни настапи претставува сериозен проблем.

Би можело да ве интересира

Поддршка од жителите на Иловица за рудникот: Инвестицијата може да донесе работа и да го спречи иселувањето

Додека Бугарија ги зголемува приходите од рударството, Македонија не заработува од бакарот во Иловица

Турција го реорганизира рударството за да ја намали зависноста од увоз, Македонија не го активира ниту потенцијалот на Иловица

Европа го забрзува рударството со строги еколошки правила – што значи тоа за македонското рударство?

Светските сили се тркаат по бакар, Македонија сè уште го остава својот ресурс неискористен

Сè помалку рудари, сè повеќе плата – но без инвестиции нема кој да ги пополни новите работни места