Левица му оддаде почит на Гоце Делчев: Неговото дело да биде водилка за политичко делување, а не само протоколарно чествување

Од:

Делегација на Левица денеска положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, по повод одбележувањето на годишнината од неговата смрт.

Како што соопшти партијата, делегацијата ја предводеле членовите на Централниот комитет Андреа Јанков, Александар Димитријевиќ и Славко Митевски.

Од Левица порачаа дека Делчев не бил само војвода и организатор, туку и мислител со јасна визија за Македонија како држава на слободни и рамноправни граѓани.

„Делото на Делчев не смее да се сведува на протоколарни чествувања и декларативни изјави, туку треба да претставува жива идеја и водилка за политичко делување“, наведуваат од партијата.

Според Левица, во време на социјална неправда, економска нееднаквост и отстапување од националните интереси, пораките на Делчев се поактуелни од кога било.

Од партијата додаваат дека обврска на современиците е да ја продолжат борбата за достоинствен живот, социјална правда и вистинска слобода – вредности за кои, како што наведуваат, Делчев го дал својот живот.

Би можело да ве интересира

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколошките жешки точки од законот за животна средина

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ – надворешно сметководство и покрај сопствен финансиски оддел

Левица: Со бегството на Михаилова во Бугарија, Тошковски го дотера безбедносниот систем до дно – што ли договори Муцунски во Софија?

Левица: Депонијата во Арачиново гори, институциите бегаат од одговорност, а граѓаните дишат отров!

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата