Африм Гаши и шефот на ревизорите Максим Ацевски добиле најногу подароци минатата година

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го објави каталогот на подароци за избрани и именувани лица за 2025 годин во согласност со законските обврски и принципите на транспарентност и отчетност во јавниот сектор.

Каталогот овозможува јавен увид во податоците за пријавените подароци и придонесува кон поголема отвореност на институциите, како и кон зајакнување на довербата на јавноста во нивното работење.

– Објавувањето на каталогот претставува значаен дел од системот на институционален интегритет имајќи предвид дека пријавувањето подароци е еден од клучните механизми за превенција од судир на интереси и за зајакнување на етичкото постапување на носителите на јавни функции – се вели во соопштението од ДКСК.

Антикорупционерите укажуваат дека навременото и целосно пријавување подароци од страна на службените лица е важен показател за нивниот интегритет и одговорност, како и за доследна примена на законската рамка.

Во делот на поднесоци за подароци од јавни лица има вкупно 55 ставки, од кои најмногу пријавиле главниот државен ревизор Максим Ацевски и претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Ацевски пријавил најмногу сувенири – рамка со народна носија, украсна паричка, украсен брод, керамички сувенир, декоративна стаклена ваза…

Гаши го пријавил како подарок објектот Совет Шура, потоа златен меч во рамка, бисер поставен во златна школка, рачно цртана порцеланска ваза, скулптура „глава на коњ“, златна и сребрена монета…

Во делот на поднесоци за подароци од вработени има пријавено 12 ставки. Раководител на сектор во Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони пријавил подарок вино „картал вранец“ – 0,75 л, тефтер и подлога за глувче со лого на дарителот, а советник во Државното правобранителство на Република Северна Македонија пријавил подарок книга во вредност од 300 денари.

Државниот архив на Република Северна Македонија пријавил подарок три клима-уреди во вредност од 68 илјади денари, а од Националната установа – Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга пријавил подарок украсен предмет – акрил на дрво во вредност од 9.000 денари.

Би можело да ве интересира

234 советници во општини кои не поднеле изјава за имотна состојба

ДКСК ќе иницира постапка за користење автобуси на јавно претпријатие за изборно рекламирање на градоначалник

Антикорупциска го усвои извештајот за финансирањето на кампањата за локалните избори 2025 и ја избра Софија Спасова Медарска за заменик-претседателка

Во Антикорупциска има мрежа преку Цвета Ристовска за контрола на предмети за ВМРО-ДПМНЕ, тврди Левица

И Орце Ѓорѓиевски и Данела Арсовска не пријавиле имот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: СДСМ бара Антикорупциска да го испита потеклото на парите на Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски