Денеска сончево време со мала до умерена облачност

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и појава на грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер во источните делови од југозападен, a во западните делови од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од три до девет, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и услови за слаб локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Утре под влијание на влажна и постудена воздушна маса ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m2).

Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег.

Од петок до крајот на неделава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд.

Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h.

Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и потопло време, температури до 23 степени

Горан Наумовски

Денеска сончево и топло до 22 степена

Денеска променливо облачно со сончеви периоди

Денеска сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер

Денеска студено утро, а потоа сончево и топло до 20 степени

Денеска сончево и топло со температури до 18 степени